-Вакцинирањето против ковид ни е цивилизациска обврска, сите си го должиме тоа еден на друг, – пишува на својот Фејсбук, доктор Ненад Лазаров.
-Самиот процес треба да е највисок државен приоритет бидејќи афектира буквално се останато, видовме и ќе гледаме, истиот не смее да биде опструиран на ниеден начин, туку да се помага и интензивира.
Нема потреба од мудрување и дискусии, да продолжиме со животите што побрзо, вакцинирајте се со првата достапна вакцина, – пишува Лазаров.