Матичниот лекар Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил напиша податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти диазепам, 300.000 повеќе од 2015.
“1.310.000 рецепти диазепам во 2020 година,
за 300.000 повеќе од 2015.
За 2021 не се објавени, но трендот е јасен.
Додадете бар уште 30% земени на т.н. розев рецепт и доаѓаме до барем 1.8 милиони,колку луѓе толку диазепам.
Нема куќа без диазепам” напиша д-р Лазаров.