На следните локални избори, како никогаш досега, меѓу кандидатите за градоначалници и советници, осамнаа доктори. Тоа е случај и во двете големи партии, но и помалите. Поради тоа остра реакција се јави д-р Ненад Лазаров, кој од првиот ден на оваа пандемиска криза, со статуси на својот профил на социјалните мрежи, но и преку настапи на медиумите, ги едуцираше граѓаните.
Како што наведува подолу Лазаров, поради неговите ставови, кои често биле критички настроени кон здравствените власти, граѓани, но и негови колеги му залепиле политчка етикета. Но што правиме сега, прашува д-р Лазаров:
-Колеги мои опортуни, тие што ми коментиравте дека сум бил политички мотивиран пошто критикувам малоумности, како БЕ не ви е срам по листиве кандидатски од партии сте се натопориле, држава ќе оправате а уствари се лактате за фотељичка и аванта бесрамно!?!
Ама непартиски доктор не смее за политика да збори а? Ефтина роба.
12 години ви ги трпам демагогиите се додека не процути секој од вас на некоја листа партиска – напиша д-р Лазаров на Фејсбук.
Comments are closed.