Матичниот лекар Ненад Лазаров јавно ги повикува сите фармацевтски и други компании да донираат витамини и додатоци во исхрана и да излезат во пресрет на граѓаните кои имаат потреба но не можат да си ги дозволат.
“Јавно ги повикувам сите фармацевтски компании присутни на пазарот кај нас со витамини, додатоци во исхрана и сл, да излезат во пресрет и донираат дел од своите производи, има потреба да помогнеме на болни на терен, има доста луѓе кои не можат да си дозволат.
Од сите по нешто ќе покриеме многу луѓе, секако се изнапродававте, дајте фидбек малку. Ќе ве рапортираме за секое едно апче донирано каде ќе заврши“, напиша Лазаров кој подоцна се јави со нов пост.
“И не мора само фармацевтски фирми, било која компанија, НВО или сл. што може, купете витамини и дајте ќе ги донираме.
Ќе ви направам шопинг листа за download-ирање ако треба“.