Матичниот доктор и член на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти Ненад Лазаров коментира на Фејсбук дека имало приоритети во сместувањето во клиниките.
„Ама ве боли вас .. за народ, за Вас има место на Инфективна и за кивавица, оди смести пациент обичен смртник таму да те видам! Па уште коментари од таму:
“Сите сакате у зградата, никој у модуларната болница!!!”
Па да ве прашам, кој политички функционер до сега лежеше у модуларна т. е монтажна барака?
Кој е основот за прием во болницата што си ја направивте приватна?
Сите сме исти, ама некој повеќе?
Видов многу солзи од пациенти, мир ќе немате, џабе парите”,напиша Лазаров.