Доктор Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил објави пост преку објасни дека барем 8 пати е зголемен ризик за тромбоза кај ковид-19 во споредба со било која вакцина.
“Во последниов период се дигна галама за поврзаноста на вакцината на AstraZeneca, а сега и на вакцината на Johnson & Johnson со ретки типови на тромбоза како церебрална венозна тромбоза (CVT).
Во една интересна студија https://osf.io/a9jdq/ којашто секако треба да се валидира и репродуцира во други држави е утврдено дека ризикот за церебрална венозна тромбоза е следниот:
1. Кај COVID-19 пациенти = 39 на милион
2. Pfizer/Moderna вакцина = 4 на милион
3. AstraZeneca вакцина = 5 на милион
Тоа значи дека COVID-19 води до барем 8 пати зголемен ризик за церебрална венозна тромбоза во споредба со било која вакцина (и таа на AstraZeneca).
Да не ги заборавиме и другите почести исходи (независно од CVT) од COVID-19 како останати типови на тромбоза, пневмонија, оштетување на органи, цитокинска бура, кои знаат да доведат и до смрт.
Никој без имунитет нема да избегне заразување со SARS-CoV-2, дали сега, дали за месец од сега или за година од сега.
Изборот е двоен: вакцина или COVID-19. Шансите за преживување се стотици можеби и илјадници пати поголеми со вакцина. Проста и едноставна математика“, напиша д-р Кунгуловски.