Доктор Горан Кунгуловски, коосновач на Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“ на својот Фејсбук профил објави статус во кој одговара на прашањето зошто е добро да се вакцинирате со вакцината на Astra Zeneca.
-Дали да се вакцинираме со вакцината на Astra Zeneca?
ДА.
Вакцината на Astra Zeneca е базирана на аденовирусен вектор од шимпанзо којшто го носи генот што кодира за spike протеинот на SARS-CoV-2 и со тоа го намамува имуниот систем да формира одговор. Овој имун одговор понатаму треба да штити од тешки форми на КОВИД-19. Вакцината тоа го прави со ефикасност меѓу 70-80%.
Но дали покрај тоа што штити од КОВИД-19 води до њуз појави како зголемен ризик за формирање на тромбови?
Во извештајот на Европската агенција за лекови стои дека од вакцинирани 11 милиони луѓе, 469 имале тромбоемболичен настан. Тоа е стотици пати помалку отколку што се очекува на 11 милиони луѓе во општата популација. Значи застапеноста на тромбоза е помала кај вакцинирани луѓе со вакцината на Astra Zeneca отколку кај невакцинирани. ЗНАЧИ ВАКЦИНАТА НЕ ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ЗА ТРОМБОЕМБОЛИЈА.
Но од 20 милиони вакцинирани кај 7 имало ретки тромбови на повеќе крвни садови (disseminated intravascular coagulation – DIC) и кај 18 имало ретки тромбови во крвните садови коишто носат крв надвор од мозокот (cerebral venous sinus thrombosis – CVST) и тоа најчесто кај помлади од 55 години и најчесто кај жени. Toa e за неколку пати повеќе отколку што е очекувано во општата популација. Дали појавата на овие ретки тромбови е директно предизвикана од вакцината или поради зголемен скрининг и детекција после вакцинирање останува да се утврди.
Значи во најцрно сценарио ризикот за DIC е 7 во 20 000 000, a ризикот за CVST e 18 oд 20 000 000. Ризикот за смрт од КОВИД е во просек e 100 000-200 000 oд 20 000 000.
Или со бројки веројатноста за смрт од КОВИД при зараза со SARS-CoV-2 е 5000-10000 поголема отколку веројатноста за редок тромб при вакцинирање против КОВИД-19.
ЕФИКАСНОСТА НА ВАКЦИНАТА ВО ПРЕВЕНЦИЈАТА НА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА И СМРТ СИЛНО ГО НАДМИНУВА ЕКСТРЕМНО НИСКИОТ РИЗИК ЗА РАЗВИВАЊЕ НА DIC или CVST. Вакцинирајте се со првата вакцина што ќе стане достапна, – напиша Кунгуловски.