Доктор Виктор Исјановски, директор на Здравствениот дом-Скопје, во изјава за порталот „Локално“ вели дека за вакцина против сезонски грип, доколку лицата веќе се вакцинирале против ковид, треба да почекаат дестина дена.
– Со време започнуваме со вакцинација против сезонски грип затоа што епидемиолошки гледано грипот најактивен е во февруари, објаснува директорот на Здравствениот дом, додавајќи дека лицата кои примиле вакцина против ковид 19 препорачливо е да причекаат 10 дена по примањето на вакцината и да дојдат да се имунизираат против грип. СЗО препорачува да се прими оваа комбинација затоа што вакцината против грип не штити од ковид, вели д-р Исјановски.
Тој вели дека во првата пратка на сезонски вакцини против грип има 4.000 вакцини, а истите ќе бидат наменети за медицински лица, хронично болни пациенти, за граѓани над 65 години и за деца под 5 години