Дури и ако некое лице се зарази со коронавирусот по вакцинирањето, нема да има сериозна клиничка слика, изјави директорката на КБЦ „Бежанијска коса“, д-р Марија Здравковиќ, за време на гостувањето во утринската програма на ТВ Прва.
– Светските студии покажаа дека ако примите вакцина и добиете корона во 99 отсто од случаите, нема да имате опасна по живот форма на болеста. Тоа се претежно луѓе кои се опуштиле по првата доза – објасни таа.
Д-р Здравковиќ ги наведе резултатите од новите истражувања кое покажаа дека вакцината на „Фајзер“ штити во 75 отсто од случаите по првата доза.
– Едно лице, и да се зарази по првата доза, веројатно нема да заврши на респиратор – додаде таа, пренесува „Телеграф“.