Граѓаните кои на време доаѓаат за хоспитализација имаат многу повеќе шанси да го победат вирусот, вели проф. д-р Дејан Докиќ во изјава за Канал 5.
„Кај некои пациенти од се уште непознати причини настанува цитокисна бура, каде што имуниот одговор е преголем, неадекватен, несоодветен, и кај тие пациенти се користат други антиинфламаторни лекови, кортикостероиди пред се.Многу е важно да се дојде навреме на лекар. Станува збор за оние случаи кои гледаме дека имаат висока температура, каде што состојбата се влошува, да не се чека да поминат денови, туку веднаш да се јават во тријажните центри, каде што лекари ќе проценат дали лицето е за хоспитализација или не. Особено важен фактор е нивото на сатурација во крвта, ако гледаат дека паѓа, веднаш треба да се обратат со барање за хоспитализација, навременото доаѓање на лекар тоа може да превенира смрт“, рече Докиќ.