„Во западното општество ние поминуваме голгота за разлика од Истокот, како да возиме на бандаш по калдрма. Западен Балкан баш како да оди по калдрма, нашата предност е што сме мала популација. Една пандемија може да се реши на природен начин, со прележување и со придобивките на современата наука – вакцинацијата. Ако регистрираниот број на дневни случаи се помножи со фактор 7, дневно имаме 9.000 случаи. Имаме 40, 50 ужалени семејства дневно. И денес да ни дојдат 2 милиони дози, ефектот може да настане откако ќе се развие заштита, минимум по 2 месеци. На вакцините може да сметаме како превенција за евентуален есенски бран. Затоа мора да се потпреме на рестрикциите, колку и да се тие непопуларни. Не ми е јасно како во 21 век кај нас не можеме да собереме 2 и 2, не можеме да сфатиме дека ако носиме маска ќе го редуцира распространување на вирусот. Се доведовме во ситуација некој од страна да мора да не третира како овци. Јас така се чувствувам, некој да мора ми наметне рестрикција, јас сум идиот да не можам сам да разберам да се заштитам“ – вели епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, во Студио 10 на ТВ24 и додава:
„Ние не сме Германија, кога тие вложуваа во единици за интензивна нега, од ЕУ им замеруваа зошто вложуваа толку многу во тоа. Затоа сега се комотни. Но и покрај тоа воведуваат рестрикции затоа што размислуваат 100 чекори понапред. Тоа е разликата од нашиот систем. Иако ние имаме огранични можности, јуначки се носиме со предизвикот. Ентузијастот на нашите доктори е голем и затоа не ни умираат луѓе по ходници. Со легла нема да имаме проблем. Единствено останува ние како граѓани да помогнеме и во епилогот на ова планетарно искушение. Крајот на приказната се гледа, да се воздржиме во егоизми, со што помалку солзи да стигнеме до крајот. Половина од нашата нација е во контакт со вирусот, и без вакцините, да ги испочитуваме мерките. Да го задржиме здивор, да сопре се, за да сопре и болката“.