Универзитетскиот професор д-р Драган Даниловски вели дека македонското здравство личи на башибозук.
-Ние сме во врвот во светот по смртност од Ковид, треба да се прават анализи кои се факторите за големата смртност кај нас, преголема голема смртност на оние што се хоспитализирани, кај нас околу 40%, во САД е под 10%. Зошто толку стапката на смртност е голема во однос на инфицираните. Карактеристика на добар здравствен менаџмент е отчетност и одговорност. Не може директор на болница да не му полага сметки на првиот човек во здравствениот сектор. Кај нас ова личи на башибозук, никој на никого не одговара и знае дека нема да одговара и прави што сака. Факт е дека општата состојба на нашево население е под секја критика, – вели д-р Даниловски во Студио 10 на ТВ24.
Во однос на присуството на цивили во ковид-болницата, Даниловски вели тоа е поради отсуство на правилен и квалитетен менаџмент.
-Тој треба да се состои од планирање на ресурси и анализа на состојбата. Дошле роднините таму. Па нема друго решение. Или ќе умре за вода или ќе стисне заби член на семејството за да му се најде на болниот. Тоа е кикс во менаџментот – додава Даниловски.
Comments are closed.