Можеме да се опуштиме само кога 14-дневниот просек на кумулативната инциденца ќе се спушти под 20, што ќе значи дека епидемијата поминала, – изјави епидемиологот Драган Даниловски. Според него, само тогаш може слободно да се релаксираат мерките.
-Враќање на животот без маски би можело да се очекува уште во текот на летото. Тоа го очекувам крајот на јуни, а почетокот на јули. Значи ќе ни остане уште доволно време за да уживаме во летото – изјави Даниловски на Канал 5.