Вирусот може наесен на го снема. Тоа е можно само со побрза вакцинација. Што побрзо се вакцинираат луѓето, побрзо ќе го совладаме вирусот и на веќе есен се наsира крајот на пандемијата кај нас. Во спротивно тој може да мутира, а пандемијата да продолжи и понатаму, тврди за ТВ 24 проф. Драган Даниловски епидемиолог.
„Многу е важно за што пократко време да вакцинираме што повеќе луѓе. Доколку не го сториме тоа, вирусот ќе најде начин да се извлече со менување на „личниот опис“, односно ќе се обиде да го заобиколи имунитетот на луѓето преку мутирање. А, слаба точка во таква ситуација се луѓето кои не сакаат да се вакцинираат и ќе го пренесуваат на други невакцинирани. Со тоа се зголемуваат шансите за мутирање и подолго траење на пандемијата“, вели професорот Даниловски.
Вакцинацијата, според него, засега се одвива со одлично темпо и ќе даде резултати после два или повеќе месеци. Тој смета дека доколку вакцинацијата се одвива брзо до есен ќе имаме колективен имунитет.
„На природно стекнатиот имунитет кој до крај на јули ќе достигне до 75 %, ќе му се надоврзе вештачки стекнатиот со вакцинација и ќе дојдеме до преку 85%, што е доволно да постапиме со рестрикциите исто како Израел“, вели професорот Даниловски.
Но, стравувањата се во новите мутации кои се појавија во светот и се шират меѓу државите. Според Даниловски ситуацијата може да се искомплицира ако се појави индискиот сој кој е за 50% позарезен од британскиот.
Но, стекнатиот имунитет може да не заштити од тешки форми на болеста, од притисок во болниците и од смрт. Бразилскиот и јужноафриканскиот имаат иста заразност како британскиот кој сега е доминантен во државата.