Познататата српска докторка виролог Ана Глигиќ смета дека третата доза на вакцина против корона вирус е наменета за лицата со хронични болести и слаб имунитет, бидејќи кај нив имунитетот е зафатен со „борба“ против основната болест, па така не ги препознава во доволна мера првите две дози.
-Нема потреба останатите да се вакцинираат по трет пат. Без оглед која и вакцина да ја примиле, но затоа оние невакцинираните треба да примат барем една доза. Тие што прележале нема потреба да се вакцинираат, вели Д-р Глигиќ која смета дека природниот имунитет по прележување е посилен од вакциналниот.
-Се што знаеме е дека третата доза треба да биде од истиот производител како преходните две, но и јас во семејството имам „различни ставови“. Моите синови се одлучија за микс од вакцини, пред се поради практични причини, бидејќи не во сите земји ги признаваат кинеските и руските вакцини, вели таа.
Во изјава за медиумите таа рече дека прележала корона по примената втора доза вакцина, па затоа нема да се вакцинира со трета доза. -Доколку би се вакциниралао тоа би било со вакцината која ќе биде направена од новите соеви на вирусот кои циркуираат, а не од оние од март минатата година кои веќе ги нема, потенцираше докторката.