Директорката на болницата во Батајница,Татјана Аџиќ Вукичевиќ во изјава за РТС рече дека постојат индиции дека бразилскиот вид на коронавирус се појавил во Србија a дека британскиот вид е сè уште најприсутен меѓу пациентите.
„Постојат индиции дека бразилски вид на коронавирус се појавил во Србија“, предупреди таа, додавајќи дека секој нов вид на корнавирусот е се поопасен, и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот.
Таа додала дека сè уште не може да дава никакви оптимистички изјави кога станува збор за коронавирусот и пандемијата.
„И покрај тоа што масовната вакцинација е во тек, иако мерките се почитуваат, сè уште нема простор за опуштање затоа што во болницата зад мене луѓе со многу тешки клинички слики. Има многу млади луѓе без претходни болести кои се на апарати за вештачко дишење“, рекла Татјана Аџиќ Вукичевиќ.
Директорката апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
Таа вели дека има и такви кои биле вакцинирани со двете дози, и кои биле хоспитализирани, но забележува дека во 99. проценти од случаите се враќаат дома, и дека, мал дел од нив завршуваат мртви. Сепак, таа додава дека ваквите податоци ги има во сите земји во светот.
Д-р Аџиќ Вукичевиќ додала дека дури и’ по вакцинирањето, мора да се почитуваат мерките и да се носат маски во затворен простор.