Познатиот инфектолог д-р Вело Марковски реши да се кандидира за претседател на Македонија на изборите што треба да се одржат напролет.
Марковски в четврток ќе ја објави официјално намерата да биде претседателски кандидат.
Во денешното соопштение нема повеќе детали.
Инаку, Вело Марковски во време на ковид пандемијата привлече внимание со своите различни погледи за оваа заразна болест, како и за методите за изолација и карантин.