Инфектологот Вело Марковски по втор пат стана татко. Неговата сопруга Евгенија Николовска Марковска на својот профил на Инстаграм сподели радосна вест во која вели дека во новата година добила ново бебе, поточно на свет донела девојче.
Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина. Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.
Инаку, на Вело Марковски ова му е втор брак. Познатиот доктор пред да влезе во брак со многу помладата Евгенија, беше поранешен сопруг на пратеничката Ѓулистана Марковска.