-За да зборуваме за колективен имунитет и улогата на колективниот имунутет во повлекување на пандемијата во моментов, треба да имаме реален пресек на мометалната состојба на нивото на заштитни антитела во популацијата. За жал, и после помината година и пол освен некои мали серии, ние воопшто не тестираме, односно не направивме проверка на нивото на антитела преку скрининг на населението, – вели во изјава за „Локално“, проф. д-р Вело Марковски.
Имунологот смета дека без реален показател не може да се даде научно издржано мислење, ниту пак како држава можеме да спроведеме успешна стратегија.
-Факт е дека во моментот кога последниот бран од КОВИД 19 пандемијата се смири, а тоа е негде на почеток на јуни имавме многу малку комплетно вакцинирани, односно на 22 мај 2021 година ( 2 недели пред смирување на пандемија) ние имавме негде 1,9 % вакцинирани. Јасно е дека пандемијата не сме ја смириле со стратегија, со успешно вакцинирање на голем број од населението. Дали населението природно се имунизирало? Не знаеме, и не сакаме да дознаеме, од некоја причина бегаме од масовни проверки на антитела како од оган. Од тука, да се оди со вакцина на деца за да се постигне колективен имунитет, а при тоа да не провериме дали децата имаат имунитет, и колкав е процентот на колективниот имунитет кај возрасните е крајно несериозно и неодговорно. Подалеку од децата. Во тек на изминатата година и пол децата ја поминуваа многу лесно инфекцијата со САРС КоВ2 вирусот. Не гледам зошто би се променило тоа. А,ако возрасните веќе имаат колкетивен имунитет (од вакцина, или прележување), не може да се разболат од никого, па ни од децата. Значи вакцинирање на децата за да ги заштитиме возрасните е веќе без предметно. Од друга страна, се занемарува, се преќутува фактот дека вакцините против КОВИД 19 имаат значителни сериозни компликации – објаснува Марковски.
Професорот смета дека децата не треба да се вакцинираат против ковид 19.
-Ако изгубиме макар едно дете со вакцина за болест од која не умираат децата и не знаеме кога и во која форма повторно ќе се јави коронавирусот, одговорноста на тие што го бараат тоа е огромна. Значи децата не треба да се вакцинираат во овој момент, и секако од септември треба да се вратат во нормалното функционирање и образовниот систем да профункционира во сите сегменти – коментира Марковски.
Извор: Локално