Докторот и поранешен директор на Клиниката за Токсикологија, Нико Беќаровски, преку пост на својот Фејсбук профил објасни зошто одредена фирма го негирам ефектот на лекот “Ивермектин“, што се користи во третманот на болните од ковид-19.
,,Едно кратко соопштение од фармацевтскиот гигант “MERCK”,од 03.02.2021 година во кое индиректно се негираше ефектот на IVERMECTIN, во третманот на болните од Ковид-19, експресно беше преземено од многу наши портали и прокоментирано од голем број нестручни но и завиден број на стручни луѓе во државава. Секако дека оваа вест наиде на огромен интерес, бидејќи Ivermectin e токму лек произведен од Merck. “КОЛКУ ХУМАНО”, самата фирма да се откаже од лекот кој и носи профит. Толку нетипично за американскиот начин на водење бизнис, кога сите знаеме дека и медицината во САД е пред се профит. НО, што навистина лежи позади ова неочекувано тврдење, кое не е поткрепено со ниту една релевантна студија.Како и голем број други моќни фармацевтски гиганти Мерк се вклучи во трката за производство на вакцина против SarsCov-2, бизнис кој бараше големи инвестиции, но и потенцијална огромна заработувачка.https://www.merck.com/…/merck-discontinues-development…/На 25 јануари 2021 MERCK, официјално обелодени дека ги прекинува сите понатамошни инвестигации за создавање на своја вакцина од двете потенцијални платформи. Неколку десетици милиони долари отидоа во неповрат, кои мора некако да се компензираат.Во вториот дел од ова соопштение, за приказната со Ивермектинот многу поважниот дел, MERCK соопштува дека се во завршна претклиничка фаза ДВА според нив многу потентни нови лекови за Ковид, имуномодулаторот со работно име МК-7110, и АНТИВИРЕМИКОТ кој веќе има и генеричко име MOLNUPIRAVIR. Ако цената на Ивермектинот е 299 денари, цената на Molnupiravir, сигурно нема да е пониска од цената на Remdesivir, која е повеќе од 2999, ама не денари туку долари.Слична приказна имавме со хидроксихлорокинот, кога требаше да се промовира ремдесивирот, и реконвалесцентна плазма, пред да се појават скапите моноклонални антитела, кои “магично” го излечија Трамп.Ивермектинот со цел на спречување на слепило предизвикано од црв паразит, беше масовно даван цели 25 години кај целото население во 19 афрички држави и истите тие држави, сега имаат меѓу најниските светски индекси на заразеност и смртност од Ковид-19.Во изминатиов период јас лично следев триесетина пациенти заболени од Ковид-19, кои од првиот ден на појава на симптомите користеа ивермектин и за среќа сите успешно се изборија со болеста без да развијат посериозни компликации.ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАМЕ, ЛЕК ЗА ВИРУСИ СЕ УШТЕ НЕ ПОСТОИ, но давањето на овој ефтин и релативно безопасен лек ми изгледа многу поразумно од било кој друг антивиремик или антибиотик, БАРЕМ ДО МОМЕНТОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА“ , напиша д-р Беќаровски.