Споделувајќи истражување од Универзитетот во Мајами, во кое се посочува дека прележувањето на ковид-19 има големо влијание врз импотенцијата и машкото сексуално здравје, д-р Нико Беќаровски на балканските мажи им порача дека ако продолжат со инаетот, „Фајзер“ вака или така ќе им ги земе парите.
“Почитувани мои БАЛКАНЦИ,
Ако продолжите со надалеку познатиот инает и не се вакцинирате, Pfizer пак ќе Ви ги земе парите, овој пат преку Viagra.
Шансите да станете импотентни по прележување на Covid-19, Ви се ШЕСТ пати поголеми !!!!
П.С. вирусот го напаѓа и срцевиот мускул и шансите по конзумирање на вијагра да завршите во болнички кревет, Ви се далеку поголеми отколку во посакуваниот“, напиша д-р Беќаровски.