Во врска со Законот кој предвидува наместо 40 часа, администрацијата да работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок, Д-р Нико Беќаровски на својот Фејсбук профил напиша:
-Со новиот предлог за работно време на администрацијата во петок до 12 часот, конечно барем во нешто ќе личиме на ФИНСКА, вели во својот коментар на Фесбук,
Уште да сме доволно ФИНИ и ова да важи и за “рамковните” кои десет години “работат” од дома ???, прашува докторот – напиша д-р Беќаровски.
Инаку, законот го подготви Министерството за информатичко општество и администрација, а со членот 55 кој се однесува на работното време се предвидува дека полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок.
Comments are closed.