Д-р Нико Беќаровски во својата редовна колумна „Јас да си кажам“, на својот профил на социјалните мрежи, даде свој коментар за изборите, но и порака до партиите, дека е крајно време да и погледнат на вистината во очи.
-Ги слушам таканаречените лидери на самопрогласените големи партии и не можам да сфатам дали навистина не ја разбраа пораката од овие избори.
Ќе се обидам што поедноставно да им ја пренесам
■ Во неделата воопшто немаше избори, туку пребројување на партиското членство.
■ Очигледно во моментов ДПМНЕ-вците се најбројни, најкохерентни, најпослушни, најсервилни, а СДС без скопското и интелектуално крило реално е кривопаланечко-струмичко А.Д.
■ Сите тие кои гласаа за нив (дпмне. сдс) излегоа на избори со само една цел, да добијат некоја лична корист, ако нивната опција победи.
■ За волја на вистината на овие избори излегоа и 60.000 до 80.000 вистински гласачи, чесни, поштени, вредни обични граѓани, кои веруваа дека независните листи се спасот од црно-белата пустош. Без нив излезноста на овие избори ќе беше околу 41%.
■ Останатите 250.000 вистински чесни гласачи, кои во гласањето гледаат единствено можност да ги изберат најдобрите кои конечно ќе ја направат Македонија пристојно место за живеење, овој пат останаа дома бидејќи не им се нудеше вистински победнички избор.
■ Целта беше јасна, со неизлегувањето на избори, да се казни ароганцијата, препотентноста, неспособноста и клиентелизмот на сегашните властодршци, но истовремено овие луѓе не можеа да заборават и што се случуваше од 2006-17.
■ Ако НЕЗАВИСНИТЕ, останат навистина независни, а не нечиј алчен приврзок и ако конечно се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, следните избори ќе освојат најмалку 300.000 гласови,напиша Беќаровски.