Во пресрет на локалните избори, д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фејсбук-профил ги повика кандидатите за градоначалници, парите наменети за изборни кампањи да ги пренаменат за брзи тестови за ковид-19 во училиштата.
„Почитувани кандидати за градоначалник на Скопје, зависни, смешно независни, зелени, камикази …Парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, пренаменете ги за брзи тестови за ковид-19 во скопските училишта. Само така може да ме предомислите на 17-ти октомври да не „правам ајвар”“,напиша Беќаровски.