Токсикологот д-р Нико Беќаровски преку својот Фејсбук профил советува што треба да направат мажите за да го намалат еден значаен ризик фактор за развој на тежок облик на ковид-19.
“Пред една недела Ве замолив да не влегувате во ЦИНКоманија. Еве и научна потврда. Најголем ефект сепак имаат пробиотиците јас би додал само природни !!! Витаминските суплементи, Д витаминот, Омега-3, ако воопшто имаат улога во превенцијата и исходот од Ковид-19, ИМААТ САМО КАЈ ЖЕНСКИОТ ПОЛ.
Почитувани претставници на појакиот пол, најдобра заштита која Вие можете самите да ја направите, за да намалите еден значаен ризик фактор за развој на тежок облик на Ковид-19, Е ДА ГО НАМАЛИТЕ ОБЕМОТ НА ВАШИОТ СТРУК <105 цм.
За дамите <80 цм.
А тоа што државата мора веднаш да го обезбеди, веќе го знаат и децата, вакцина за секого“, напиша д-р Беќаровски на Фејсбук.