-Оптимист сум дека може годинава да се оди на одмор, вели проф. д-р Нико Беќаровски, oд Институтот за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.
-Пост-ковид синдромот има различни симптоми, последно се појави пост-ковидна мозочна магла, замагленост на видост, омалаксаност. Но има и пост-ковид вертиго, кај оние кои поминаа со полесна форма, манифестирана со вртоглавица. Кај дијабетичарите има дисрегулација на шеќерот. Два до три месеци по ковид има намален број на сперматозоиди, не се знае вирусот кај ќе удри и прави дополнителни проблеми. Хронично зависните од алкохол и во текот на пандемијата не запреа со алкохолот. На Клиника на токсикологија има намален број на млади луѓе пред сè поради рестриктивните мерки. Околу 160.000 има официјално регистрирани кои го прележаа вирусот, уште толку има кои го прележале вирусот без да знаат. Така е и насекаде во светот, но и кај нас пост-ковидот бројката е висока. Не се согласувам дека причина за падот на бројките е колективниот имунитет. Како што се зголемува бројот на вакцинирани, требаше да има постепен пад. За 7 дена кај нас има голем пад, тоа се должи на топлото време, според моето убедување. Британската мутација се појави зимоска и беше позаразна, толку е посклон овој сој во летните месеци да се загуби, а минатите денови имаше кај нас температури и над 30 степени. Оптимист сум дека може годинава да се оди на одмор, – вели д-р Беќаровски.