Нико Беќаровски, научен советник и раководител на интензивна нега на Универзитетската клиника за токсикологија е често активен на социјалните мрежи. На неговиот последен пост на Фејсбук тој проговори за резултатите од пописот.
“УШТЕ МАЛКУ ПОСТ ПОПИСНА СТАТИСТИКА
“Најубавата вест” од пописот е што од денес секој македонски жител е побогат за ~800 $.
БДП по глава на жител до денес беше ~5900$ од денес е ~6700$.
Втората “убава вест” само за еден ден процентот на вакцинација против ковид-19 се зголеми од 41% на “цели” 46% без ниту една дадена вакцина.
● Првата лоша вест секој жител на Македонија од денес е позадолжен за 9,7% иако државата денес не зеде ниту еден долар кредит !!!!
● Втората лоша вест е дека за еден ден скокнавме за цели две места на неславната листа за починати од Ковид-19 на 100.000 жители“, напиша д-р Беќаровски.