Докторот од Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски преку својот Фејсбук профил направи анализа и ги спореди бројките на смртноста од коронавирус во САД и Македонија.
“САД имаат 150 пати повеќе жители од Македонија, а изминатава година имаа и 150 пати повеќе починати од Covid-19 од нас. Ако ги погледнеме подолу посочените графици и табели за старосната група на починатите, ќе видиме дека слично како и кај, над 45 годишна возраст драстично се зголемува бројот на починати. За волја на вистината, кај нас бројот на починати над 85 години е драстично помал од тој во САД, но просечниот живот во МКД е за 7 години пократок од тој во САД и оваа старосна група кај нас е многу поретка.
За среќа во МКД немаме починати во првите три старосни групи, што можеби е најдоброто што ни се случи во оваа траорна година.
БДП по глава на жител во УСА е 11 пати поголем од македонскиот, а парите кои се трошат во здравствениот систем на УСА по глава на жител се 17 пати поголеми од потрошените во МКД. Трагично е што се најдовме во групата на 10 држави со најголема смртност, но во наше друштво се и најбогатите како САД, ГБ, Белгија, Чешка, Словенија, Португалија итн.
Вирусов покажа и докажа дека не знае за нација, раса, вера, не разликува богат и сиромашен, но вирусов на почетокот од оваа година, со вакцинацијата, на површина ја покажа и целата себичност, егоцентричност и нехуманост на нашава планета“, стои во објавата на поранешниот директор на Токсикологија.