„Мажи, спремајте ги паричниците за 8-ми март, патувањето во Милано пак ќе биде актуелно“, објави на својот Фејсбук профил токсикологот и професор д-р Нико Беќаровски.
Тој ваквиот став дека европските граници повторно ќе се отворат уште во март, отприлика датумот кога се затвори Македонија и поголем дел од Европа пред две години кога коронавирусот масовно почна да заразува и одзема животи, го темели на сознанијата за актуелната состојба со пандемијата од ковид-19.
“Тоа што во моментов имаме пораст на бројот на хоспитализации е резултат на се уште присутната #ДЕЛТА варијанта. Како ќе продолжува да расте доминацијата на #ОМИКРОН сојот (во моментов кај нас е околу 2/3 од случаите) така ќе опаѓа и бројот на хоспитализации и смртни исходи“, објави д-р Беќаровски кој е многу популарен на социјалните мрежи со своите совети и видувања на проблемот со пандемијата.
„Оптимистите живеат подолго и поквалитетно од песимистите“, нагласува тој во пост скриптум на објавата со која предизвика многу позитивни реакции на Фејсбук.