Доктор Нико Беќаровски денеска со свој пост на Фејсбук споделува за злоупотреба во која самиот е инволвиран.
Имено, тој преку неговиот профил демантира дека бил интервјуиран и дека има лек за болеста од која умираат најмногу луѓе кај нас, но и во регионот.
Беќаровски бил наведен како доктор кардихирург кој тврди дека се крие лекот за болести поврзани со кардиоваскуларниот систем.
Поради ова тој на Фејсбук напиша:
– Почитувани мои пријатили од Србија,
Ако постои адвокат кој би покренал судски спор против Вашиот портал kurir.rs, со задоволство би сведочел.
Лажењето на очајни пациенти е невиден злочин и мораме некако да им застанеме на патот – стои во неговиот пост, на кој исто така го има закачено и линкот на кој се гледа наводно интервју кој тој го дал за медиумите во соседството.
Неговата објава, иако е пред кратко време ставена на Фејсбук, предизвика бројни коментари. Меѓу нив имаше и такви кои укажаа дека вакво слично интервју, но во кое бил цитиран друг доктор од соседна Србија веќе прочитале, и му дадода силна поддшка во намерата да тужи.