Д-р Нико Беќаровски преку објава на Фејсбук кажа дека ја смета за погрешна одлуката еден ден по првата доза да се имаат сите права, бидејќи, како што вели, е „медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата“.
“ПОЧИТУВАНИ КОЛЕГИ, ЧЛЕНОВИ НА ЗДРАВСТВЕНАТА КОМИСИЈА,Ве замолувам !!!
■ На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци.
Тие луѓе веќе поминаа една голгота, ИМААТ ИМУНИТЕТ и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори.
■ Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата !!!!
Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, ДОКТОРИ, а не политиканти !!!“ напиша д-р Беќаровски.