Пп вчерашните високи бројки на заболени од ковид-19 со пост на својот Фејсбук профил до Комисијата за заразни болести се обрати доктор Нико Беќаровски.
“Почитувани членови на Комисијата за заразни болести
Ако уште утре не ги смените протоколите за изолација на контактите со Ковид болни и не го намалите времето за изолација на позитивните, НА 10.01.22 ЌЕ НЕМА КОЈ ДА РАБОТИ ВО ДРЖАВАТА !!!!
Сите ќе бидеме во изолација.
Изолацијата на контактите при вака раширен Омикрон е неодржлива и без епидемиолошка оправданост.
Задолжителната изолација за позитивните треба да се намали на 7 дена.
#Почитувани граѓани ако денес имавме 1197 позитивни со регуларно направени тестови, сигурно има уште >5000 кои се самотестирани и >25.000 недијагностицирани.
Добрата вест е што до крај на февруари ќе направиме колективен имунитет и за 8ми март ќе може пак да играте чочеци.
P.S. за Flurona и Ihu некој друг дeн, премногу е за денес” напиша д-р Беќаровски.