Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, на својот Фејсбук профил даде предлог до сите кандидати за советници хонорарите да ги пренаменат за потребите на училиштатат во нивните општини.
-Почитувани кандидати за советници, ако навистина се борите за доброто на Општината во која живеете и само затоа сте кандидирале за советници, функцијата извршувајте ја PRO BONO, а парите од хонорарите целно пренаменете ги за потребите на училиштата во Вашата општина. Еве ви можност јавно да не информирате, да знаеме за кого да гласаме. Се друго е празна реторика, да не се лажеме повеќе !!!!, – порача д-р Беќаровски.