-Се согласувам дека доцниме со мерките. Прашање беше дали треба потполно да се либерализираат работиве. Јас уште на 2 јули апелирав да се воведе барем при влез во државата, посебно за иселениците кои се враќаат, еден ПЦР тест или доказ за вакцинација. Како што видовме изминатиот период, тие беа основните места каде што оваа епидемија потоа се пренесе, изјави д-р Нико Беќеровски во интервју за ТВ 24.
Тој додава:
– Во еден момент имавме по четири, пет случаи на дневна основа. И, што беше уште поважно, кај нас не беше влезен делта-сојот, а сега тој е тука кај нас. Мерките би биле резонски ако треба допрво да не дојдат нови соеви плус, но сојот е веќе тука. Во светот не циркулира некој нов сој којшто би ни предизвикал опасност во догледно време. Тој што е доминантен сој веќе се шири низ Македонија. Бројките не се само во Тетово. Јас доаѓам од дежурство, вчера бев дежурен. Од пациентиве кои пројдоа, 70 проценти беа позитивни. Дел од нив, кога ќе им се спомне тест – бегаат. Едноставно, знаат дека се позитивни и бегаат, бараат да бидат прегледани на друго место. Во аптеките веќе нема брзи тестови, сите се тестираат дома и тие резултати никаде не се евидентираат. Ако денес имаме 1000, реалниот број е четири до пет пати поголем од тоа.
На прашањето зошто толку се доцни со мерките, д-р Беќаровски вели дека сите негови колеги, коишто се во Комисијата којашто ги носи овие мерки, „кога би размислувале исклучиво како доктори, овие мерки би ги донеле тогаш кога ги сугериравме.“