Докторот Нико Беќаровски преку својот Фејсбук профил реагираше откако вчера беше објавено дека владииците Петар и Владиката Агатангел се на болничко лекување во Систина, откако добиле позитивен тест на Ковид-19.
„Да се лежи од 23 март во приватна болница од “превентивни причини” е одраз на “христијанска скромност” на нашите владици. Човекот кој јавно ме прекори дека вистински верник, не може да заболи од Корона, сепак и самиот се разболе.
Јас ќе му посакам што побрзо КОМПЛЕТНО оздравување и конечно да започне да шири верба, а не недоверба кон апелите од здравствените работници“, напиша д-р Беќаровски.
Инаку, владиката Петар посочил дека не е на кислородна поддршка, но бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива за можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома.
Според неговите информации во стабилна здравствена состојба е и повардарскиот митрополит Агатангел, кој е исто така хоспитализиран пред некој ден.