Професорот од Медицинскиот факултет во Скопје, д-р Нико Беќаровски, со реакција до бојкотирачите на дигиталните учебници.
#За триесет години успеавме еден од најдобрите образовни системи, да го трансформираме во најслаб во цела Европа. На сите меѓународни тестирања “блескаме” со фенерот во рака.
Парадоксот да е уште поголем, сега ќе бојкотираме било какви промени.
Па барем истакнете парола:
“Сакаме да сме последни. Ќе бојкотираме ако сме претпоследни”.
И со учебници, и со дигитални книги, се додека нема барем 10% ученици кои ќе ја повторуваат година, максимум до 20% да бидат одлични, да биде НАЈСТРОГО КАЗНИВО ДЕЛО, вршење притисок врз наставник да поправи оценка, НЕМА ОБРАЗОВАНИЕ, ТУКУ САМО ПРАЗНИ ДИПЛОМИ.
П.С. во 21 век да бидеш против дигитализација е исто како да бараш повторно црн-бел телевизор, или да слушаш музика на магнетофон“, напиша д-р Беќаровски.