Композиторот Златко Ориѓански на својот Фејсбук профил напиша дека д-р Аспасија Софијанова го спасила животот на неговото дете.
Во објавата тој пишува дека различностите помеѓу него и докторката во моментите кога се лекувала неговата ќерка не биле важни, истакнувајќи дека „животот е сепак, над се“.
„Аспасија Софијанова e врвен, светски лекар, ноќеска го спаси животот на моето дете. Таа е идеолошки, вмро, јас сум контра вмро, таа Влаинка, јас, Македонец. Дал тоа беше важно во тој момент? Не!
На крајот, таа ми подари своја книга, јас и подарив моја музика. Животот е сепак, над се! Мора овие работи да ги разбистриме, осветлиме, да не мешаме баби и жаби, за добро на сите нас“, напиша Ориѓански.