Во Србија од денеска почнува масовната имунизација на населението против коронавирусот. Засега, Агенцијата за лекови и медицински помагала (АЛИМС) издаде лиценца за употреба на две вакцини во Србија – Фајзер / Бајонтек и „Спутник V“.
Српскиот истакнат виролог д-р Ана Глигиќ зборуваше позитивно за кинеската вакцина „Синофарм“.
„Кинеската вакцина е направена од целиот вирус“, вели д-р Глигиќ за Телеграф. „Но, Кинезите веќе вакцинираа голем број луѓе со вакцината ‘СиноВак’, што беше направена на носач како руската ‘Спутник V’ и како оксфордската. Меѓутоа, сега, поради евидентната мутација на вирусот, Кинезите ја направија вакцина ‘Синофарм’, која е од целиот вирус, а која ќе штити од мутации“
Д-р Глигиќ објаснува дека кога се користи вакцина која има „парче“ од вирусот, тогаш постои заштита само од тоа парче.
„Русите исто така развија ваква вакцина. Сега имате и ‘мртва вакцина’ и вакцина на носач. Од самиот почеток, јас бев поддржувач на класичните вакцини кои, прво, даваат добра заштита, и второ, имунитетот трае долго време. Оваа вакцина штити не само од вирусот што напаѓа, туку и од други корони бидејќи е направена од целиот вирус“, посочува докторката.
Таа објасни дека „мртвата вакцина“ е многу полесна за правење, но дека тие се за т.н. жива, ослабена вакцина што може да обезбеди доживотна заштита.