Српскиот радиолог Александар Ивковиќ кој и самиот бил заразен со корона, дава едноставни совети за полесна борба против вирусот во домашни услови.
“Најголемиот број луѓе се лекуваат дома. Накратко ќе дадам неколку совети. Ова не ги менува советите кои сте ги добиле од лекарот кој ве прегледал, туку служи за оние кои не добиле совети”, вели тој.
КОГА ТРЕБА ДА ОДИТЕ НА ЛЕКАР
Постојат неколку работи на кои мора да се обрати внимание. Тие одредуваат дали сте за болничко или домашно лекување. Било што од следново доколку ви се случи, задолжително да се јавите на лекар:
-Нагло влошување на дишењето. Сметајте колку вдишувања имате во една минута и запишете ги. Ако немате оксиметар (а повеќето немаат), тоа е еден од индикаторите за состојбата на белите дробови. Нормалниот број на вдишувања е од 12 до 16. Тој е поголем кај децата и помал кај постарите лица. Ако се влоши (бројот се зголемува) и чувствувате дека не можете да дишете, треба да се јавите на лекар.
-Ненадејни главоболки кои не стивнуваат по лекови. Се очекува главоболки да се појават во некоја фаза. Она што е важно е дека тие можат да се намалат со лекови. Доколку тоа не се случи, задолжително е да контактирате со лекар.
Постојано повраќање што не запира. Повраќањето е еден од очекуваните симптоми. Не треба да паничите, но важно е да го запрете, бидејќи може да доведе до дехидрираност. Ако воопшто не запре, повторно мора да одите на лекар
-Постојана дијареја што не може да се запре. И дијарејата е еден од очекуваните симптоми. Ако не престане со лекови, тогаш е потребно да се контактира лекар.
НА ШТО МОРА ДА ВНИМАВАТЕ
Задолжително мора да водите сметка да не дојде до дехидратација. Од искуство, никому дома не му годеше обичната вода. Најдете течност која ќе ви годи и која ќе можете да ја пиете.
Шумливи таблети, сокови, чаеви, било што. Важно е да се одржи хидратацијата на организмот. Оние кои се болни зимно време тврдат дека им годеле топли напитоци, а оние болните во лето, ладни. Не е важно, што, важно е да се внесува течност.
Ако дојде до пораст на температурата, спуштајте ја. Не мора да чекате да дојде до оние 38,5 степени. Спуштајте ја веднаш колку и да се покачила, за да не ве исцрпи максимално. Бруфен, парацетамол, не е важно што. Она што му годи на вашиот организам.
Одморајте, не се движете, особено не ја наведнувајте главата кон напред и надолу.
Кога после долго лежење ќе станете, може да се случи да почувствувате мачнина и вртоглавица. Прво малку седнете, а дури потоа станете.
Менталните реакции драстично се менуваат. Не е страшно ако станете пречувствителни, ќе помине. Губитокот на мирис и вкус се случува речиси редовно. Минливо е.
Ако има начини, контролирајте го притисокот. Пулсот можете секогаш да го контролирате. Важно е да нема големи осцилации, со тоа што брзината на отчукувањата расте со порастот на телесната температура.
ИСХРАНА
Важно е да јадете. На моменти, ова е тешко. Изберете што сакате, што и да е. Само јадете, потребно ви е. Витамини ако можете внесувајте преку овошје и зеленчук. Не е важно што јадете воопшто, важно е да јадете. Отфрлете било какви диети, “здрава” диета и слични глупости. Потребно ви е сè. Супите секогаш се покажувале корисни. Салатите ви носат витамини. Зеленчукот е неопходен од повеќе причини. Месото ви го носи потребниот протеин на брз начин.
ШТО ПОСЛЕ КОВИДОТ
Многу луѓе, процентот сè уште не е познат, има последици од болеста. Понекогаш овие последици се во форма на хронична болест, а понекогаш се работи за долгорочна болест, состојба во која се чувствувате уморни и некои од симптомите, едноставно се чувствувате лошо.
Нема особено важен совет, тие се главно општи. Не смеете да се изложувате на силен физички напор. Прошетки се препорачуваат, колку што можете, ако првиот ден можете до сто метри, тогаш сто. По некое време ќе можете да одите подолго. Ви треба тоа.
Балансирајте ја вашата исхрана. Внесете сè што ви треба, не се занесувајте со некои екстремни диети и препораки кои не се состојат од сè.
Пак ќе кажам. Овој совет е за оние на кои не им е кажано што да прават. Не се менува она што ви го кажал лекарот што ве прегледал. Не земајте лекови самостојно. Имам и препорака за лекарите и прашање – зошто се даваат антибиотици кога никој не ги препорачува? Превентивно – не постои. Ќе се создаде отпор.
Не можам да ви дадам совет како да се заштитите. Очигледно ги има доста од оние кои се шетаат а заразени се. Некои не знаат, а некои знаат ама се несериозни – вели докторот, кој и самиот го прележа вирусот и беше во многу тешка здравствена состојба, од која за среќа закрепна.
Во врска со вирусот тој уште додаде: “Оваа болест убива, бара начин како да се вовлече таму каде што сигурно ќе убие. Основна цел е уништување”.