Екс фудбалерот а сега менаџер Душко Тошиќ проговори за разводот со пејачката Јелена Карлеуша.
Тошиќ откри дека преговорите за договорен развод биле неуспешни!
Вчера топ тема во балканските медиуми беше веста дека фудбалерот Душко Тошиќ, кој се уште е во брак со пејачката Јелена Карлеуша, и испраќал пораки на хрватската пејачка Северина Вучковиќ.
Во пораките Тошиќ на секој начин се обидува да флертува со популарната Севе. Но тој вели дека имал друга намера.
Душко откри дека и испраќал пораки на хрватската пејачка бидејќи „сакал да ја ангажира да пее на неговата јахта“.
Денес екс фудбалерот окри пак детали за него долгоочекуваниот развод од неговата се уште актуелна сопруга Јелена Карлеуша.
„Преку адвокат се обидуваме да договориме спогодбен развод. Одржавме неколку состаноци на таа тема кои, за жал, завршија неуспешно. Се уште се трудам да избегнам развод со тужба, бидејќи тоа би било трауматично искуство за сите на нас, особено на нашите деца, се надевам дека во наредниот период ќе се договориме за развод, што е во интерес на сите“, изјави Тошиќ.