Оперскиот пејач Игор Дурловски денеска во паркот „Жена Борец“, карши Собранието на Македонија, со перформанс ја одбележа 5-годишнината од 27-ми април.
Дурловски беше сместен зад решетки и со трака преку устата од каде порача дека „Молчењето е злото“.
Инаку, на денешен ден во 2017 година, се организираше протест пред Собранието, кој изгледаше сосема вообичаено, но ескалираше во моментот кога се избираше претседател на Собранието. Во тој момент, толпата се проби низ полицискиот коридор и преку главниот влез влезе во прес салата.