Летот од Ел Салвадор до Сао Паоло, Бразил се претвори во хаос откако изби масовна тепачка во авионот на „Гол ерлајнс“ меѓу 15 жени кои се удираа и врескаа пред другите шокирани патници.
На снимката од авионот се гледа како жените се тепаат и си ја кубат косата додека екипажот се обидува да ги раздвои. Во еден момент тепачката станала толку агресивна што една од жените останала без облека и морала да си ги покрие градите со раце.
Наводно, дошло до расправија меѓу две семејства откако една мајка прашала друга патничка дали може да ги смени седиштата со своето дете кое има посебни потреби. Но, кога нејзиното барање било одбиено, таа збеснала и почнала да ја напаѓа патничката, јавуваат локалните медиуми.
Расправијата брзо ескалирала и завршила како масовна тепачка меѓу две групи жени.
Шокантната снимка покажува како жената со кадрава коса се обидува да скокне на седиштето зад неа за да стигне до друга патничка – но е запрена од стјуардеса.
За неколку секунди друга патничка вреска и напаѓа една жена, ја влече за коса и непрекинато ѝ удира шлаканици, а во исто време друга жена ја влече за коса, која набрзо сфаќа дека е оставена со голи гради во сите се во хаос.
Тепачката избила додека патниците чекале да полетаат од аеродромот во Баија, а персоналот на летот успеал да ја исфрли групата од 15 патнички од авионот, кој на крајот полетал со речиси два часа задоцнување.
#Breaking
On the plane, which was supposed to fly from El #Salvador to #Brazil, there was a massive female fight: about 15 women beat each other and even pulled off their clothes, while flight attendants unsuccessfully tried to separate them. pic.twitter.com/i0VeV687Js— Avia.Pro – War News, events, media (@avia_pro) February 3, 2023