Непалскиот шерпас, Анг Рита почина на 72 годишна возраст во домот на неговата ќерка во Катманду, објавија од Непалскиот планинарски сојуз.
Како што соопштија, Рита кој стекна светска слава по тоа што дури 10 пати се искачи на Монт Еверест и тоа без боца за кислород, причината за смртта не е позната, но во 2017-та година тој претрпел мозочен удар и оттогаш бил во лоша здравствена состојба.
„Ќе го паметиме по неверојатните достигнувања кои ги направија горди нашите граѓани. Загубивме ѕвезда на планинарската заедница“, соопштија од Непалскиот планинарски сојуз.
Познат е по прекарот „Снежен леопард“ поради неговите неверојатни способности за искачување на највисокиот планински врв на светот.
Инаку, Анг Рита го држи Гинисовиот светски рекорд во искачување на највисоката планина на светот. Тој во периодот од 1983-та до 1996-та година дури 10 пати се искачил на највисокиот врв без употреба на боца со кислород. Тој исто така го држи и светскиот рекорд во зимско искачување, исто така без боца кислород.