Иако нејзиниот стил е многу едноставен, Амал одвреме-навреме знае да нè изненади и да излезе од својата удобна зона, па така сега прошетала во патики, што никогаш претходно не сме ги виделе.
Амал Клуни се појавила во друштво на својата мајка Барија на улиците во Лос Анџелес, каде што папараците веднаш ја фотографирале, а за оваа пригода одбрала крајно едноставна комбинација, што лесно може да послужи како инспирација за секојдневно облекување за сите жени, а не чини многу пари.
Најпознатата адвокатка на светот за оваа пригода облекла необичен асиметричен фустан со миди-должина од тенка трикотажа, со дебели прерамки во беж боја. Фустанот го потпишува една од најпознатите англиски креаторки Стела Мекартни.
Овие фустани се многу популарни и оваа сезона, лесно се комбинираат и со потпетици, но и со патики и рамни сандали.
Иако прекрасната Амал нема причина да штеди па својот фустан скапо го платила, не е тешко да се пронајде речиси идентичен модел во локалните продавници во разни бои, а цената не би требало да биде повисока од 1000 денари.
Својот стајлинг го надополнила со чанта „Прада“ во црна боја, големи очила за сонце и едноставни бели патики, кои веќе неколку години по ред се задолжителен модел што треба да го поседува секоја жена која следи трендови.
Иако до скоро не можевме да си замислиме да носиме патики на сè живо, Амал потврдува дека денес жените тежнеат кон што поудобни обувки и дека многу лесно може да се постигне елегантен изглед, ако само малку си поиграте со модните додатоци кои целиот стајлинг ќе го подигнат на повисоко ниво.