Дунавка Трифуновска, сопруга на Ване Цветанов, сега веќе разрешениот директор на Советот за унапредување и надзор на ревизијата демантира дека таа е личноста која нејзиниот сопруг ја ангажирал во советот поради што Владата го разреши. Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Во меѓувреме се огласи поранашната Мис на Македонија и манекенка, која тврди дека не била вработана во институцијта.
-Поради злоупотребата на моето име и презиме во медиумите без мое одобрување и авторизација ве информирам дека јас не сум личноста што е вработена во институцијата што е раководена од мојот емотивен партнер. Тоа се професионалци во својата област пријавени на официјален оглас. Ова е исценирана конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи -, напиша Трифуновска на Инстаграм.