По спектакуларниот концерт во Пула, Дуа Липа се упатила во Италија за да присуствува на ревијата на брендот „Jacquemus“, а каде што ги пленила погледите во син полупроѕирен фустан.
Француската модна куќа ја прославила петнаесетгодишнината и отворањето на нов бутик на италијанското крајбрежје, а на ревијата присуствувале бројни познати дами.
Една од нив била и Дуа, која пристигнала во светло син фустан од шифон кој се влечел по подот, а под полупроѕирниот материјал се гледала нејзината долна облека. Станува збор за парче од новата колекција на брендот, кое го искомбинирала со бордо чанта и црни сандали со отворени потпетици.
Носела и очила за сонце, а за оваа прилика ја стилизирал Џалил Вивер, кој е најпознат по соработката со Ријана.
Кога станува збор за соработката со Сајмон Жакемус, тие биле во добри односи низ годините, Дуа е редовна гостинка на неговите ревии, присуствувала дури и на свадбата на дизајнерот во 2022 година.