-Се надевам дека масовната вакцинација ќе биде успешна и нема да дојдеме до лекување на голем број лица во болници, – кажа епидемиологот Драган Даниловски на денешната трибина во врска со состојбата на корона вирусот во нашата земја.
-Според моите досегашни созанија како и по социјалните мережи и во приватни разговори постои немар од страна на поголем број на лекари во однос на начинот на лекување во оваа цела ситуација.На вируси не се дава антибиотици, а тие се даваа масовно.И тоа мислам дека Лекарската комора треба да организира курсеви за тоа како се применуваат антибиотците.И да се направат протоколи за лекување.Всушност ковид не се лекува тука треба да се поддржува со течности па дури со јогурт.Зошто со јогурт ? Ми се смеат кога ќе кажам, а тоа е заради што имунолошкиот систем е зависен од цревната флора кој ја регулира нашата одбрана,- вели Даниловски.