Докторот Нико Беќаровски револтиран по пожарот во Универзална сала, на својот Фејсбук прифил ги наброи уништените објекти во Скопје во последниве триесетина години.
МОЕТО СКОПЈЕ 1990- 2024
1. Скопски Саем -срушен
2. Хотел Панорама -срушен
3. Олимписко село – срушено
4. Езеро Треска – уништено
5. Универзална сала – изгорена
6. Железничка станица – руинирана
7. Охис – затворен
8. Треска – изгорена
9. Алумина – затворена
10. МЗТ – затворен
11. Годел – затворен
12. Газела – затворена
13. Стаклара – разрушена
14. Хемтекс – затворен
15. Благој Давков – затворен
16. Железара – распарчена
17. ФАС 11. Октомври – затворен
18. ФАКОМ – затворен
19. Раде Кончар – десеткуван
20. Млекара Скопје – затворена
21. ЗИК Скопско поле – разграбано
22. ГТЦ – полуруиниран
23. Македонија Спорт – опљачкана
24. Славија – опљачкана
25. Центро – опљачкан
26. Зем промет – опљачкан
27. Технометал – опљачкан
28. Стоковна куќа Беко – срушена
29. Ванила – опљачкана
30. Четири затворени градски библиотеки
За жал можам да набројувам до сто, напиша др. Беќаровски.