Безбедносните камери снимиле случај на кражба во Борча кај Белград, а снимката е објавена на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како жена со качкет околу 2 часот и 30 минути изминатата ноќ се обидува насила да го отвори паркираниот пи-кап, но отпрвин не успева, по што се оддалечува, но набргу се враќа.
Вториот обид е многу понасилен и жената двапати го удира автомобилот со камен, по што успева да го скрши стаклото, краде нешто од колата и бега.
Полицијата соопшти дека трага по дрската крадливка.