“ДРЖИ СЕ КУМЕ“: Басистот на „Рибља чорба“ е на респиратор, се бори за живот

by Тони Зографски

67-годишен басист на “Рибља чорба“, Мишо Алексиќ трет ден е на апарати за дишење и неговата состојба е влошена, пишуваат српските медиуми. Неговата ќерка Мина објави статус во кој потврди дека нејзиниот таткос е бори за живот.

-Мојот Миша се зарази и трет ден е на аспиратор. Секој час е негова борба за живот. Сите кој го сакаат и почитуваат како мајстор на рокот овие денови се со нас во борбата со проклетиот ковид. Пред две недели седевме на ручек и се смеевме околу носењето на маски и планиравме каде ќе се забавуваме. Сега двата родитела ми се во болница. Се молам Миша да испрати најсилна енергија во вселената и што побргу со гитарата да се врати на сцената – напиша Мина.

И неговиот кум Момчила Бајагиќ -Бајага испрати порака со поддршка.

-Држи се куме, стар мајсторе. Многу работи до сега со успех ги помина, па сигурен дека ќе го победиш и ова зло. Штом ќе оздравеш, те чекаме на на проба. Знаеш дека има некој работи кој без тебе не вредат да се свират. Те чекаат Бајага и екипата – стои во пораката на Бајага и инструктори на Фејсбук.

фото: Информер

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com